недела, март 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во камион пријавен како празен, Царина откри 5.050 штеки цигари, уапсен српски...

Во камион пријавен како празен, Царина откри 5.050 штеки цигари, уапсен српски државјанин

72

Царинските службеници на граничниот премин Дојран открија и спречија обид за шверц на 5.050 штеки цигари и електронски цигари со вредност од осум милиони денари.

Како што информира Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги го лишија од слобода осомничениот српски државјанин, возач на камионот, против кој е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело шверцување и за фалсификување исправа, казниви по Кривичниот законик.

– Делото е откриено во неделата вечерта на излез од граничниот премин Дојран кога царинските службеници, применувајќи напредни оперативни техники и аналитичко расудување при процена на конкретната состојба на терен, извршија контрола на камионот пријавен како празен. При детаљниот преглед е откриен специјално конструиран бункер со преграда, каде што се откриени 101 пакет со цигари и електронски цигари. Дополнително, со асистенција на полициските службеници утврдено е дека бројот на шасијата на полуприколката не е идентичен со бројот на шасијата во сообраќајната дозвола што ја употребил како вистинска кога ја дал на увид – наведува Управата.

Ова е втор случај за многу кратко време на обид за криумчарење на големи количини цигари во специјално конструирани бункери во камиони откриени на гранични премини на територија на царинарница Гевгелија.

ИЗДВОЕНИ