Во изминатите четири години, од над 500 локации собрани 1 милион килограми отпад

26

Резултатите од годинашната најголема еколошка акција во државава, „Генералка викенд“, која се одвиваше на 9, 10 и на 11 мај 2025 година, сè уште се сумираат. Но, од „Мен енд маунтен“, кои се организатори на акцијата, очекуваат дека тие ќе бидат подобри од претходните години.

Гордана Софија од „Мен енд маунтен“ вели дека конечните резултати за тоа колку смет е собран ќе се знаат до 20 мај, а на јавноста ќе ѝ бидат соопштени на прес-конференција, која ќе се одржи на 28 мај.    

Таа информираше дека во последните четири години од реализирањето на оваа акција учествувале повеќе од 44.000 волонтери, од кои 10.000 биле деца, на над 500 локации, а вкупно биле собрани 1 милион килограми отпад.

– Исчистени се над 1.000 локации, а вкупно се насадени 125.000 садници на државно земјиште, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и со јавното претпријатие „Национални шуми“ – истакна Софија.

Таа додаде дека, како „Мен енд маунтен“, преку платформата за донации „Сончева гора“ биле насадени плус 10.000 дрвја во 25 општини во државава.

Годинава, по петти пат, акцијата „Генералка викенд“ започна со чистење на просторот кај скопскиот Аквадукт, од вкупно 81, активно се вклучија 78 општини, а  волонтерите собираа отпад во сите општини, на повеќе од 500 други локации, во исто време.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ