вторник, февруари 24, 2026
Дома СВЕТ Во Италија пронајдено бебе киднапирано пред една година позитивно на кокаин

Во Италија пронајдено бебе киднапирано пред една година позитивно на кокаин

64

Полицијата во италијанскиот град Новара пронашла девојче кое исчезнало пред повеќе од една година, кога имала само четири месеци, откако татко и, странец, го одзел од нејзината мајка Италијанка.

Девојчето било пронајдено во лоши услови, со сериозни хигиенски и санитарни недостатоци, па било тестирано и било потврдено дека е позитивна на кокаин, пренесе Анса.

Истрагата покажала дека таткото го доверил детето на жена која е зависничка од дрога и има криминално досие.

За девојчето моментално е отворена процедурата за посвојување.

ИЗДВОЕНИ