петок, февруари 13, 2026
Дома МАГАЗИН Во истиот син фустан од 1998 година и сега, во 2026 година,...

Во истиот син фустан од 1998 година и сега, во 2026 година, Данијела Мартиновиќ го испеа евровизискиот хит „Нека ми не сване“  

298

Популарната Сплиќанка ги евоцираше спомените! Хитот е напишан од нејзиното поранешно момче Петар Грашо, а до ден-денес често се слуша и кај нас, во Македонија. На секој својот македонски концерт, Даниела дури и по двапати ја пее оваа прекрасна нежна балада, на барање на публиката

 Хрватите, овој викенд, на познатиот музички фестивал „Дора“, на финалната вечер, ќе го изберат својот претставник за Песна на Евровизија 2026, која се одржува во Виена, главниот град на Австрија. Додека да го дознаеме победникот на „Дора 2026“, Данијела Мартиновиќ (и, некогашната пејачка во групата “Магазин“), ги раскажува своите носталгични сеќавања, кога во далечната 1998 година, на нивниот домашен избор, триумфираше со песната „Нека ми не сване“, инаку напишана од нејзиното поранешно момче Петар Грашо. Песната стана голем хит, а до ден-денес често се слуша и кај нас, во Македонија. На секој нејзин концерт во Македонија, Даниела дури и по двапати ја пее оваа прекрасна нежна балада, на барање на публиката.„Таа година, на евровизискиот избор во Бирмингем, не само што го освоив одличното петтото место туку и огромен број луѓе останаа без здив од мојот изглед. Сепак, на годинешното издание на „Дора“, на првата полуфинална вечер, беше замислено да ги евоцирам спомените. Бев облечена во истиот син фустан. Се чувствував фантастично. Ме растревожија силните спомени, сеќавањата од 1998 година.

Ни самата не можев да си објаснам како сè уште го чувам тој син фустан? А, уште помалку не разбирам дека оттогаш до денес не сум се здебелила ниту едно кило. Сосема ми е комотно во фустанот и со премногу емоции ја испеав „Нека ми не сване“, раскажа расположената Данијела.

Популарната поп-пејачка, притоа нагласи дека во текот на кариерата често подарувала фустани, но одлучила овој да го чува за себе.   (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ