Принцот Вилијам се појави во ново видео по повод Светскиот ден на менталното здравје, зборувајќи за разорното влијание што самоубиството го има врз семејствата и заедниците.
Емотивното интервју, кое трогна многумина до солзи, беше објавено кога неговата Кралска фондација ја започна Мрежата за спречување на самоубиства – национална иницијатива што ги обединува дваесет организации низ Велика Британија за да им помогне на оние што се погодени од оваа трагедија, пренесе „Би-би-си“.
Во видеото, принцот од Велс го посети домот на Ријан Менингс од Кардиф, мајка која претрпе незамислива загуба во 2012 година.
Нејзиниот син Џорџ почина ненадејно од скриена болест кога имаше само една година, а само пет дена подоцна, нејзиниот сопруг Пол си го одзеде животот.
Оттогаш, Ријан ја претвори својата тага во мисија – таа основа добротворна организација која им обезбедува поддршка на семејствата погодени од ненадејната и неочекувана смрт на деца и млади луѓе под 25 години.
🗣️ ‘Why didn’t you speak to me?’
A widow’s heartbreaking words leave the Prince of Wales on the verge of tears in a conversation marking World Mental Health Day
Watch and read the full story by @victoria_ward👇🏻https://t.co/CJJawXXE0C pic.twitter.com/GLRCF6pXUA
— Telegraph Royal Family (@TelegraphRoyals) October 10, 2025
Во нивниот интимен разговор, Вилијам и Ријан зборуваа за потребата од подобра поддршка за оние кои ги изгубиле најблиските, но и за стигмата што сè уште ја опкружува темата за самоубиство.
Принцот Вилијам го започна разговорот прашувајќи ја Ријан како успеала да ги одгледа своите постари деца, Холи и Исак, по трагедијата.
„Искрено, не знам како преживеавме. Едноставно се будите и продолжувате понатаму, ден по ден“, призна таа.
Зборувајќи за ставот на општеството кон самоубиството, поранешната наставничка по физичко образование рече дека е шокирана од тишината околу темата.
„Никогаш порано не сум била погодена од самоубиство, тоа беа вести што ги читате и продолжувате понатаму. Луѓето не зборуваат за тоа, дури и не сакаат да спомнат што се случило. Беше збунувачко и болно за мене во тоа време“, додаде Британката.
Принцот Вилијам потоа спомена дека семејствата честопати остануваат со безброј прашања по самоубиството на некој близок.
Рајан потврди дека таа самата „повторно ги преживува последните денови со Пол, прашувајќи се што можела да направи поинаку“.
„Пред да го изгубиме Џорџ, бевме толку среќни. Тоа само покажува дека ова може да му се случи на секого“, рече таа во едно интервју.