Во Хрватска уапсен психијатар, им давал дрога на малолетни пациенти и несоодветно ги допирал

106

Во хрватскиот град Осиек, уапсен е детски психијатар под сомнение дека злоупотребувал малолетни пациенти. Психијатарот (46) е кривично гонет под сомнение дека сторил голем број тешки кривични дела, вклучувајќи и злоупотреба на малолетни пациенти и овозможување да консумираат дрога.

Полицијата се сомнева дека тој ја користел својата позиција во здравствена установа во Осиек и според наодите, меѓу 2016 и 2019 година на своите четири пациенти, кои биле малолетни тогаш, им се обраќал со несоодветни зборови, несоодветно ги допирал по телото и им давал да консумираат дрога.  Истрагата, исто така, утврдила дека од 2018 до 2023 година давал дрога и на возрасни, свои познајници, денес на 35-годишна жена и 35-годишен маж.

При претрес на неговите дом, ординација и возило, полицијата пронашла значително количество разни дроги. Биле запленети 33 кесички марихуана со вкупна тежина од 213,9 грама, 12 таблети МДМА, хашиш, дополнителни пакувања МДМА во грутки, амфетамин и шприц со 0,5 милилитри непозната содржина.

ИЗДВОЕНИ