Ладното пиво во киоск или бензинска пумпа наскоро би можело да биде минато – барем навечер и само таму каде што градовите и општините одлучуваат. Според најновите предложени измени во законот во Хрватска, локалните власти ќе можат сами да одлучуваат кога и каде е дозволена продажба на ладни алкохолни пијалоци.
Министерството за економија ќе го измени Законот за трговија до крајот на годината и ќе дозволи значителни ограничувања за продажба на ладни алкохолни пијалоци во Хрватска, неофицијално дознава порталот „24 sata.hr“.
Имено, како што се додава, законот, според првичните информации, ќе предвиди можност градовите и општините да одредат во кои области и исклучиво во кои часови продавниците и киосците можат да продаваат ладни алкохолни пијалоци.
Истото важи и за времето во кое можат да се продаваат ладни алкохолни пијалоци. На пример, туристичко одморалиште или град каде туристите пијат цел ден, може, на пример, да забрани продажба по 17 часот, или порано или подоцна.
„Градските центри повеќе нема да изгледаат како што изгледаат ноќе поради пијанството. Вакви купувања не се можни ниту во некои други земји. Во Австрија не можете да купувате алкохол на киоск или бензинска пумпа во скијачки центар“, вели извор од министерството за порталот.
Ова ќе важи и за големите малопродажни синџири, па затоа и тие ќе зависат од одлуките на градовите.