Во грабежот на познатиот музеј Лувр во Париз бил вмешан и граѓанин на Босна и Херцеговина. Според непотврдени информации, меѓу уапсените има и лица од Балканот, објавува Klix.ba
Институциите на БиХ сè уште не се официјално известени за ова преку Интерпол, но француските власти веќе ја пренеле оваа информација преку неофицијални канали, според Klix.ba
Досега се уапсени вкупно седум лица под сомнение за големиот грабеж на музејот во кој беа украдени вредни предмети во вредност од околу 88 милиони евра.
Обвинителката Лор Беку изјави дека апсењата се извршени во среда навечер во француската престолнина и нејзината околина, особено во соседниот Сен-Сен-Дени. Сепак, ова не помогнало да се вратат украдените предмети.
Спектакуларниот грабеж бил извршен за само седум минути. Крадците оставиле зад себе неколку предмети што би можеле да содржат траги – шлем, радио, жолт елек и две брусилки – и биле уапсени врз основа на пронајдена ДНК.
За време на седумминутниот грабеж, крадците провалиле во две витрини со висок степен на безбедност и украле девет предмети. Меѓу украдените предмети бил и комплет накит со дијаманти и сафири, вклучувајќи тиара и ѓердан што ги носеле кралицата Мари-Амели и кралицата Хортенза.
Според информациите од „Ле Паризиен“, организаторот на грабежот сè уште не е пронајден, ниту украдениот накит, и покрај бројните претреси.






