Цела Европа кашла: Во Германија секоја недела по 7,5 милиони нови пациенти со респираторни заболувања, главно корона

164

Многу луѓе во Германија моментално страдаат од акутни респираторни заболувања, пишува „Слободна Далмација“.

Според најновиот извештај од Институтот „Роберт Кох“ (RKI), водечката биомедицинска истражувачка институција на германската Влада, бројот на инфекции во споредба со претходната недела продолжува да расте и останува на високо ниво. Околу 7,5 милиони нови случаи на респираторни заболувања се регистрираат секоја недела.

Во моментов, најбројни се оние што се заразени со коронавирус, додека случаите на грип сè уште се релативно ретки. Но, вообичаените симптоми на корона, грип и настинка се болно грло, кашлица и течење на носот. Покачена температура почесто се јавува при грип и корона отколку при обична настинка, а во случај на грип, симптомите често се појавуваат ненадејно.

Иако Германија има 84 милиони жители, бројот од 7,5 милиони заразени неделно е голем. Докторите велат дека тоа е знак дека сите во Европа со вакцина треба да се заштитат од респираторни заболувања, особено од грип.

– Ако има толку многу заразени во Германија, верувајте ми, има многу и во остатокот од Европа – вели хрватскиот имунолог Златко Тробоњача.

ИЗДВОЕНИ