четврток, февруари 12, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Во Германија масовни штрајкови на синдикатите за повисоки плати

Во Германија масовни штрајкови на синдикатите за повисоки плати

15

Масовни штрајкови го зафатија јавниот сектор во Германија откако синдикатите повикаа на протесни акции со цел да извршат притисок врз Владата и работодавците за зголемување на платите од најмалку 7 отсто.

Штрајковите се организирани во повеќе сојузни покраини и опфаќаат вработени во јавната администрација, локалните власти, јавниот превоз, градинките, здравствените установи и комуналните служби. Поради протестите, во некои градови има сериозно нарушување во секојдневното функционирање, особено во јавниот превоз и административните услуги.

Синдикатите истакнуваат дека зголемувањето на платите е неопходно поради високата инфлација и значителниот раст на трошоците за живот, што, како што велат, сериозно ја намалило куповната моќ на вработените во јавниот сектор. Тие нагласуваат дека без соодветно покачување, ќе биде тешко да се задржи и привлече квалификуван кадар.

Од друга страна, претставниците на работодавците и локалните власти предупредуваат дека барањето за 7 % повисоки плати претставува голем товар за буџетите, особено за општините и повикуваат за компромисно решение во рамките на тековните преговори.

Преговорите меѓу синдикатите и работодавците продолжуваат, а синдикалните лидери најавуваат дека, доколку не се постигне договор, штрајковите би можеле да се интензивираат и да траат подолго.

ИЗДВОЕНИ