Палестинскиот фудбалер Сулејман Ал Обеид, еден од најпознатите спортисти во регионот, загина додека чекаше хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти Палестинската фудбалска асоцијација.
Ал Обеид, кој имаше 41 година, зад себе остави сопруга и пет деца. Со години, навивачите го нарекуваа „палестинскиот Пеле“ поради неговите исклучителни вештини и придонеси во палестинскиот фудбал.
استشهاد الهداف التاريخي للأندية الفلسطينية في غزة ولاعب منتخب فلسطين سابقا سليمان العبيد إثر غارة إسرائيلية استهدفت مجموعة من النازحين المجوعين خلال انتظارهم في أحد مراكز المساعدات للحصول على بعض الطعام#قنوات_الكاس || #منصة_شوف pic.twitter.com/8rfaFsJrq5
— قنوات الكاس (@AlkassTVSports) August 6, 2025
Трагедијата се случила во средата, кога израелските сили нападнаа цивили кои чекаа во ред за помош. Меѓу нив беше и Ал Обеид, кој „настрада маченички“, според наводите на Фудбалската асоцијација.
Поранешниот палестински репрезентативец ја започна својата кариера во Хадамат Ал-Шати, а подоцна играше за Ал-Амари на Западниот Брег пред да се врати во Газа. За време на неговата активна кариера, тој постигна повеќе од 100 гола и е запаметен како еден од симболите на палестинскиот спорт.