Во фотелјата на Ангеловска-Бежовска ќе седне Ставрески?

45

До крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народна банка и оти изборот ќе биде на пленарна седница во Собранието на 20 мај, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека еден од условите за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Владата е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот.

Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска истекува на 21 мај, а Мицкоски уверува дека рокот ќе биде испочитуван.

„Веќе имавме разговори со претседателката во понеделникот на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван“, рече Мицкоски.

На прашањето кој е негов фаворит, Мицкоски посочи дека не е важно кој е негов фаворит, нагласувајќи дека сите кандидати се вонсериски искусни и оти е убеден дека ќе ја одржат макроекономската стабилност.

Во моментов, во јавноста кружат неколку имиња како можни кандидати за нов гувернер. Покрај Ангеловска-Бежовска се и поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски, поранешната вицегувернерка и актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска-Војновиќ, но и Трајко Славески – универзитетски професор и поранешен министер за финансии, кој веќе подолго време важи за еден од највлијателните економски гласови во партијата.

Некои од медиумите наведуваат дека фаворит на Мицковски е Зоран Ставревски, кој и денес е активен како советник во партијата, и се смета за “министер за финансии во сенка”. Ставревски, според овие информации, секој ден патува од својот дом на Водно во кабинетот во Белата палата, каде што раководи со финансиските прашања на државата и контролира општинските буџети.

Изборот на нов гувернер, се додава, ќе зависи од тоа дали Ставревски ќе прифати да ја преземе оваа функција, што според некои извори може да биде ограничено поради неговата здравствена состојба. Меѓутоа, одлуката ќе биде и политички чувствителна, бидејќи Ставревски е познат по својата улога во скандалот со аудиобомбите од времето на владеењето на Никола Груевски.

Имајќи предвид дека Мицковски сака да постави своја доверлива личност на оваа клучна позиција, најмалку шанси за повторен избор на сегашната гувернерка Анита Бежовска.

ИЗДВОЕНИ