четврток, февруари 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Во февруари најмногу поскапел зеленчукот

Во февруари најмногу поскапел зеленчукот

66

Цените во земјоделството во февруари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година пораснала за 9,9%, а трошоците во секторот пораснале за 3,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според овие податоци цените на тековно потрошените средства во земјоделството (импут1) пораснале за 3,7%. Гледано поединечно енергијата, горивата и мазивата за 2,7%, средствата за заштита на растенијата поскапеле за 0,3%, добиточната храна за 7,1%, а ветеринарните услуги за 25%. Во однос на ланскиот февруари е намалена цената на минералните ѓубрива за 4,9% и на семињата за 1,9%

Статистика пресмета дека и трошоците на земјоделците за инвестиции (импут 2) се зголемени за 3,7%. Машините и опремата поскапеле за 5,2 %, а транспортната опрема за 6,4%.

Цените на растителното производство пораснале за 9,7%,а на добиточното производство за 12,3%. Цената на зеленчукот за една година пораснала за 11,9%.

 

ИЗДВОЕНИ