Во Европската Унија стапија на сила нови правила за транспарентност за моделите за вештачка интелигенција (ВИ) за општа наменa.
Сега програмерите мора да откријат како функционираат нивните модели и кои податоци се користени за обука, да ги документираат бебедносните мерки за понапредните модели, кои носат поголеми ризици, мора да ги пријават изворите на податоци, вклучително и оние од интернет, за да се заштитат авторските права, но и да спроведат мерки за заштита на интелектуалната сопственост. Законот има и одредби за високоризични системи со вештачка интелигенција во чувствителните сектори, како што се образованието, енергетската инфраструктура и граничната контрола. Земјите членки на Унијата добиваат обврска да ја известат Европската комисија кои национални органи ќе бидат одговорни за обезбедување на правилно спроведување на прописите.
Програмерите кои ќе го прекршат законот може да бидат казнети со парична казна до седум проценти од глобалните приходи.
Овој закон предизвикува тензии меѓу ЕУ и САД, бидејќи американските компании, вклучувајќи ги Гугл и Мета, не се заинтересирани за прописи што би можеле да го забават развојот на технологијата за ВИ во Европа.