Според податоците на „Евростат“, во текот на 2024 година, 27 % од жителите на Европската Унија не биле во можност финансиски да си овозможат седум дена одмор подалеку од својот постојан престој.
Највисок удел на лица што се соочуваат со финансиски пречки за еднонеделен одмор е евидентиран во Романија 58,6 %, Грција 46 % и во Бугарија 41,4 %.
За разлика од нив, само 8,9 % од жителите на Луксембург, 11,6 % во Шведска и 13 % во Холандија немаат доволно средства за да си дозволат еден неделен одмор.
„Евростат“ не презентираше информации и за земјите што се стремат кон членство во ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија. Последните расположливи информации, објавени во текот на изминатата година, покажуваат дека повеќе од половина од македонските граѓани се во финансиска неможност да заминат на годишен одмор.
Потешка е ситуацијата во Албанија, каде што 58,3% од граѓаните немаат можност за одмор, Турција 60,8%, Црна Гора 67,2% и Косово 69,5%.