Во ЕУ, над 40 отсто од електричната енергија била од обновливи извори

13

Во Европската Унија, во првиот квартал од оваа година, 42,5 проценти од произведената електрична енергија била од обновливи извори на енергија, објави „Евростат“.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека во споредба со првиот квартал од 2024 година, ова претставува намалување од 4,3 процентни поени, од 46,8 проценти.

Значителното зголемување на производството на електрична енергија од сончева енергија не беше доволно за да се компензира намалувањето на производството на хидроенергија и на енергија од ветер.

ИЗДВОЕНИ