Во декември 2025 година, од повластените производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава биле произведени вкупно 51.980 мегават-часови (MWh), покажуваат податоците на националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО. Производството е остварено од вкупно 178 повластени производители. Најголем дел од електричната енергија бил добиен од малите хидроцентрали, при што 92 објекти произвеле 30.876 мегават-часови. Двете ветерни електрани учествувале со производство од 17.276 мегават-часови, додека од 79 фотоволтаични електрани биле произведени 717 мегават-часови.

Дополнително, пет термоелектроцентрали што користат биогас и биомаса произвеле вкупно 3.111 мегават-часови електрична енергија.

Учеството на електричната енергија произведена од повластените производители од обновливи извори во вкупната електроенергетска потрошувачка изнесува 8,30 проценти. Вкупно инсталираната моќност на овие производители изнесува 177.842 мегавати.

Од МЕМО информираат дека операторот е балансно одговорна страна за повластените производители што користат повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

 

ИЗДВОЕНИ