Митрополитот будимјанско-никшиќски на Српската православна црква, Методие, во црногорското село Горње Заостро кај Беране, откри споменик на озлогласениот четнички командант, Павле Ѓуришиќ, нарекувајќи го најголем херој и маченик.
На откривањето на споменикот во присуство на стотина луѓе била интонирана српската химна, а говор држел и четничкиот војвода Миодраг Гиго Божовиќ.
Вчера споменикот е отстранет и сместен во локалната црква, со намера, како што вели митрополитот Методие, ако народот побара, повторно да се врати во селото. Отстранувањето го наложила полицијата која дошла во два часот изутрината и наредила споменикот да се тргне најдоцна до 15 часот. За подигање на споменикот е уапсено едно лица од Беране.
Павле Ѓуришиќ е озлогласен воен злосторник. Неговите трупи извршиле колеж на муслимани во Пљевља, Чајниче и Фоча, во февруари 1943 година, што се смета за најмасовно воено злосторство на етничко чистење кое го направиле етнички формации за време на Втората светска војна.