Тимур Миндич, кој е ко-сопственик на продуцентската куќа на Володимир Зеленски – „Квартал 95“, наводно ги искористил своите блиски врски со украинскиот претседател за значително да го зголеми своето влијание во изминатите години.
Тимур Миндич, бизнисмен и близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е во центарот на голема антикорупциска истрага што го потресува самиот врв на владата.
Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) вчера изврши рации на локации во Киев поврзани со Миндич, но тој избега кратко пред операцијата, според судски извори.
Истрагата се однесува на голема корупциска мрежа во енергетскиот сектор, во која наводно е вклучена државната нуклеарна компанија „Енергоатом“, објавува „Киев Индепендент“.
Близок соработник и поранешен деловен партнер на Зеленски
Според судски извори, истрагата против Тимур Миндич била една од клучните причини зошто властите се обиделе да ја ограничат независноста на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) во јули оваа година.
Миндич, кој е ко-сопственик на продуцентската куќа на Володимир Зеленски, „Квартал 95“, наводно ги искористил своите блиски врски со украинскиот претседател за значително да го зголеми своето влијание во последните години.
Ниту неговиот кабинет, ниту кабинетот на претседателот Зеленски не коментирале за обвинувањата.
Тимур Миндич (46), претприемач и филмски продуцент од Дњепарк, претходно бил бизнис партнер на олигархот Игор Коломојски, кој, според неговите зборови, го запознал со Зеленски пред неговото влегување во политиката.
Миндич и Зеленски се долгогодишни пријатели и поранешни ко-сопственици на продуцентската куќа „Квартал 95“, чиј удел Зеленски го префрли во 2019 година, по неговата изборна победа.
Блиски лични врски
Нивното пријателство е потврдено неколку пати. Во 2019 година, Зеленски користел оклопно возило обезбедено од Миндич, а две години подоцна, го прославил својот роденден во својот стан.
Истата година, 2021 година, Миндич присуствувал на прославата по повод роденденот на шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, во државната резиденција.
Медиумите, исто така, објавија дека Миндич го посетил претседателскиот кабинет најмалку три пати во 2020 година, каде што се сретнал со Јермак.












