Од службите на Општина Центар објаснија дека Зелениот катастар е достапен јавно и секој граѓанин без никакво најавување може да има увид во него.
– Во Зелениот катастар се мапирани и евидентира сите дрвја. Досега се впишани, односно мапирани и евидентирани 10.000 дрвја, сите со фотографија, со податоци за нивната состојба, односно дали се оштетени или не, како и нивното латинско име – објаснија службите во Општина Центар.
Од 10.000 мапирани дрвја, 8 000 се листопадни, додека 2.000 се зимзелени. Од листопадните најчесто се липи, јавор, костени и јасен
Жителите на Центар имаат можност преку ГИС порталот на Општината да имаат увид во Зелениот катастар, односно да се запознаат со состојбата на зеленилото и со садниците. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека тие се прва општина што вовеле ГИС портал, со цел да се постигне поголема ефикасност во работењето.
Од службите на Општина Центар објаснија дека Зелениот катастар е достапен јавно и секој граѓанин без никакво најавување може да има увид во него.
– Во Зелениот катастар се мапирани и евидентира сите дрвја. Досега се впишани, односно мапирани и евидентирани 10.000 дрвја, сите со фотографија, со податоци за нивната состојба, односно дали се оштетени или не, како и нивното латинско име – објаснија службите во Општина Центар.
Од 10.000 мапирани дрвја, 8.000 се листопадни, додека 2.000 се зимзелени.
– Од листопадните најчесто се липи, јавор, костени и јасен – прецизираа службите во Општина Центар.
Оттаму додадоа дека системот ќе се надградува, секое садење на дрво ќе биде евидентирано во Зелениот катастар и ќе биде прикажано на ГИС порталот. Останува да се обработат податоците за садниците за третина од општината.
Освен Зелениот катастар, преку ГИС порталот за првпат е овозможено електронски упис на првачињата во основните училишта на територијата на Општина Центар. Како што истакна Герасимовски на овој начин се елиминира можноста за упис во училиште кое е не е во блиска околина на местото на живеење на ученикот.
– Родителот поднесува пријава за упис на првачето, а системот кажува во кое училиште треба да биде запишано првачето – истакна Герасимовски.
Но, тој вели дека сепак, во одредени исклучителни случаи им се излегува во пресрет на родителите, па се овозможува упис на нивните деца во училишта кои не се во блиска околина на местото на нивното живеење, односно се во друга општина.
– Таквата можност е исклучена во ООУ „Киро Глигоров“, „Јохан Хајнрих Песталоци“ и во „Гоце Делчев“, каде што има најголем наплив за упис на првачиња, додека помала заинтересираност за упис има за основните училиште „11 Октомври“, „Кирил и Методија“ како и „Димитар Миладинов“ каде и би можело да се направат одредени отстапки – истакна Герасимовски.
Тој најави дека се разгледува можноста да се отстрани заштитата што ја има ООУ „Ј.Х.Песталоци“, која не дозволува ниту поместување на покривот, а не пак градежни активности, за да се прошири капацитетот на објектот, бидејќи, како што кажа, постои голем интерес за упис во него. Освен тоа, Герасимовски најави дека преку ГИС порталот граѓаните ќе имаат можност да бидат во тек и да имаат увид и во реконструкцијата на улиците.
Воедно, тој информираше дека избрани се трите идејни решенија за општинската зграда и очекува до крајот на неговиот мандат да биде изработен проектот врз основа на кој ќе се изведе објектот. Герасимовски објасни дека ќе бидат изведени две згради, но сè уште се размислува дали проектот да се реализира со јавно-приватно партнерство, со тоа што во едната зграда би се вселила општинската администрација и вработените од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, додека другата би била на приватниот партнер. Проектот вклучува и изградба на подземен паркинг со околу 300 паркинг-места и простор за 100 велосипеди, што ќе го реши проблемот со паркирањето во околината.
– Лично за мене од искуствата во други општини подобро би било проектот да се реализира со средства од Општината, но не ја отфрли и можноста да се земат средства од Европските фондови, односно во едната зграда да се всели општинската администрација и вработените од ЈП ПОЦ, додека другата да се рента – нагласи Герасимовски.
Тој додаде дека висината на двете згради би била идентична со висината на зградите во околината, односно тие нема да имаат повеќе од четири до пет ката. Додека се гради општинската зграда, Герасимовски истакна дека општинската администрација би се вселила во државни простории за да се плаќа помала кирија. Тој како опција го спомена новиот објект што се гради на Народна банка. Тој исто така наведе дека само за проектот за општинската зграда, заедно со двете згради и подземниот паркинг би чинел 400.000 евра.
Воедно, Герасимовски најави дека реконструкцијата на салата „Работнички“ треба да биде готова до септември-октомври и дека се планира изградба на нови детски игралишта и реконструкција на постојните, а во летниот период кога учениците на се на распуст ќе се освежуваат училиштата.
Герасимовски информираше и дека од денеска започнал карванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“, низ кој тој ќе ги посети сите населби во општината и ќе се сретне со жителите на Центар. Караванот ќе трае до 4 јули, кога ќе има мала пауза, по што ќе продолжи до локалните избори.
– Карванот започнува од Капиштец, а целта на овие маалски средби е да ги видиме потребите на граѓаните, нивните предлози и сугестии кои потоа би се вметнале во нашата општинска програма – истакна Герасимовски.
Тој додаде дека се подготвени и листови на кои граѓаните ќе можат да ги напишат своите идеи и да се види што е тоа наредно што општината би требало да го реализира. Средбите ќе се одржуваат во попладневните часови од 18:30 до 20:00 часот кога жителите не се на работа. Само, последниот ден, на 4 јули, средбата во
И Општина Центар му подготвува кривична пријава на ЈП Комунална хигиена
Општина Центар му подготвува кривична пријава на јавното претпријатие Комунална хигиена поради тоа што не си ја извршува соодветно работата за што е платено од граѓаните. Ова го најави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Вчера, Општина Аеродром му изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП Комунална хигиена поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија, на што од претпријатието реагираа дека работат според оперативен план кој го усвојува Советот на Град Скопје.
– Кога ВД градоначалникот Дејан Митески ги повикува граѓаните да фрлаат кабаст отпад, треба да знае и дека законот го обврзува да го собира тој отпад. А кога на слика се гледаат гарнитури и мебел од нечија дневна соба – тоа е обврска на службите кои тој ги раководи – децидни се од ЈП Комунална хигиена.
(А.П.)