Во чест на својата мајка: Принцот Хари размислувал да го промени презимето во Спенсер

158
epa10550751 Britain's Prince Harry, Duke of Sussex departs the High Court in London, Britain, 30 March 2023. Prince Harry has appeared at the High Court in a hearing related to his privacy lawsuit against Associated Newspapers. Harry is suing the Daily Mail newspaper over phone-tapping and breaches of privacy. EPA-EFE/ANDY RAIN
Принцот Хари побарал совет од братот на својата мајка, грофот Чарлс Спенсер, во врска со можноста за промена на своето презиме во „Спенсер“, објави британскиот весник „Дејли мејл“.

Според изворите, војводата од Сасекс го разгледувал тој чекор кој би значел отфрлање на презимето “Маунтбатен-Видзор“ кое го носи кралското семејство и кое го користат неговите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет.

Имено, мајката на Хари, принцезата Дајана, потекнува од семејството Спенсер, а тој сакал да го преземе презиметно на својата мајка со цел да ѝ оддаде чест. Во текот на посетата на Британија, принцот Хари за ова прашање разговарал со својот вујко, грофот Спенсер.

Како што наведе „Дејли мејл“, грофот го советувал да се воздржи од промената на презимето, со оглед на правните пречки.

Презимето „Маунбаден-Видзор“ стана официлано за потомците на кралицата Елизабет Втора и принцот Филип, а користењето на тоа презиме за децата на војводата и војвотката од Сасекс претставува значаен чекор во зачувувањето на семејната традиција.

Меѓутоа, уште од нивната венчавка во 2018 година, семејствто на Хари имаше предизвици во врска со имињата и титулите, истакнуваат медиумите.

Сопругата на Хари, Мегал Маркл во неколку наврати инсистираше на тоа дека „Сасекс“ е нивно семејно презиме, дури и ги поправаше гостите во својата емисија иако и таа и принцот Хари се повлекоа од официјалните улоги во кралското семејство, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ