Валцерот на Јохан Штраус Помладиот „На убавиот син Дунав“ ќе биде месецов испратен преку радио сигнал во вселената, со цел да се одбележат 200 години од раѓањето на австрискиот композитор, пренесува „AP“.
Славната класична композиција ќе биде испратена преку радио сигнал во вселената преку огромни антени од Шпанија, во изведба на Виенскиот симфониски оркестар. Манифестацијата е планирана за 31 мај, со бесплатни јавни проекции во Виена, Мадрид и Њујорк исто така ќе бидат прославени 50 години од основањето на Европската вселенска агенција.
Иако музиката би можела да биде конвертирана во радио сигнали во реално време, ЕСА ќе испрати однапред снимена верзија од пробата на оркестарот која ќе биде одржана и снимена еден ден претходно, со цел да се избегнат какви било технички проблеми. Настапот во живо само ќе обезбеди свечена „придружба“ на целиот настан.
Музичката заедница во Виена, каде што Штраус е роден на 25 октомври 1825 година, соопши дека на овој начин ќе биде исправена „космична неправда“ и на тој начи „најпознатиот валцер на светот“ сепак ќе се најде меѓу ѕвездите.