среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во Бугарија утре ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Во Бугарија утре ден на жалост поради трагедијата во Кочани

97

Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков изјави дека 18 март ќе биде прогласен за ден на жалост во Бугарија, како израз на солидарност со Македонија.

„Владата ќе одлучи утре да биде ден на жалост како израз на солидарност со нашиот наблизок сосед на Балканот. Тука нема политика, само сочувство и емпатија“, рече Жељазков.

Изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Во нашите болници во Софија, Пловдив и Варна во моментов има 14 македонски државјани. Се надевам дека организацијата што ја создадовме ќе биде ценета, но не е време да се обидеме да ја истакнеме нашата улога, бидејќи во такви моменти е важно да покажеме навремена солидарност, подготвени сме да прифатиме повеќе луѓе, но тоа ќе зависи од нашите колеги од Северна Македонија, ние сме во постојатн контакт“, рече Жељазков и додаде дека се обезбедени услови и за роднините на жртвите да пристигнат во Бугарија.

ИЗДВОЕНИ