Ансамблот на НУ Народен театар Битола ги реализира завршните подготовки за премерна изведба на претставата за деца „Пинoкио“ од Карло Голдони во режија на Деан Дамјановски.
Станува збор за претстава полна со смеа, музика, шарени ликови и важни пораки за пријателството, храброста и вистината, најавија од НУ Народен театар-Битола.
Во претставата „Пинокио“, ликот на Пинокио го игра Никола Стефанов, а покрај него во претставата ќе настапат Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски. Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски, посочија од битолскиот театар.
Во оваа претстава ангажирани се и деца од Театарска школа „Бабец“, односно Софија Наумовска, Ана Анѓелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана, Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски и Николај Илијевски.












