Поранешниот претседател на Белгискиот национален фронт, Салваторе Никотра, основа нова крајно десничарска франкофонска партија, која го носи името TRUMP, инспирирана од американскиот претседател Доналд Трамп, објави белгискиот портал „Политико“.
– Доналд Трамп е врвен симбол на поTRUMPпулизмот. Тој веднаш го отелотворува она за што се залагаме, изјави Никотра, кој истакна дека името на партијата е акроним од „Сите обединети за Унија на популистички движења“.
За разлика од фламанската партија Влаамс Беланг, најголемата крајно десничарска партија во Белгија, Никотра рече дека новата партија нема да се залага за сепаратизам. Нејзина цел е да учествува на парламентарните избори во Белгија, како и на изборите за Европскиот парламент во 2029 година.
– Ние сме десничарска популистичка партија со социјален предзнак, додаде Никотра.
Основачката конвенција на партијата е закажана за 30 ноември 2025 година.












