петок, февруари 27, 2026
Дома СПОРТ Во Барса се враќа најголемиот на сите времиња

Во Барса се враќа најголемиот на сите времиња

49
epa08085218 FC Barcelona's Argentinian striker Lionel Messi (L) duels for the ball with Deportivo Alaves' Spanish defender Ruben Duarte (R) during their Spanish LaLiga Primera Division soccer match played at Camp Nou stadium in Barcelona, Spain, 21 December 2019. EPA-EFE/Alberto Estevez

Претседателската трка во Барселона влегува во својата највозбудлива фаза. Изборите закажани за 16 март би можеле да донесат големи промени во клубот.

Сегашниот претседател, Жоан Лапорта, ја брани својата позиција. Од друга страна, неговиот главен противник, Виктор Фонт, игра на картата на емоции. Фонт ја истакнува можноста за историски кам-бек во својата кампања, со фразата дека е најдобриот играч на сите времиња. Лесно е да се погоди дека станува збор за најдобриот фудбалер во историјата на каталонскиот гигант, Лионел Меси. Фонт рече дека е невозможно помирувањето со Меси додека е Лапорта на чело на клубот. Сепак, тој тврди дека неговата победа би можела да промени сè. Тој ја најави можноста за „последен танц“ на Аргентинецот во дресот на Барса. Планот вклучува враќање на Меси на теренот. Сето тоа за да може да се збогува со навивачите како што заслужува. И не, како што изјави Фонт, „во затворена просторија“ како во 2021 година.

Покрај евентуалниот ангажман за играње, Фонт има уште една идеја. На Меси би му била понудена позицијата почесен претседател на клубот и верува дека тој совршено ги одразува вредностите на Барселона.

На 38-годишна возраст, би можел да добие шанса да ја заврши кариерата на стадионот „Камп Ноу“, секако, под услов Лапорта да загуби на изборите по 16 март.

Од друга страна, во трка е и Ксавиер Вилахоана, а неговиот фокус е на зајакнувањето на напаѓачката линија. Тој верува дека на тимот му е потребен вистински „убиец“ во шеснаесетникот, фудбалер што е способен да ја поврзе играта. Негова главна цел е Хари Кејн, напаѓач што моментално го носи дресот на Баерн Минхен. Виљахоана откри дека контактите со Кејн се веќе воспоставени и дека тој би можел да биде едно од клучните засилувања во иднина.

Изборите се ближат, а ветувањата што доаѓаат од Барселона веќе привлекуваат огромно внимание кај фудбалската јавност.

ИЗДВОЕНИ