понеделник, февруари 2, 2026
Дома СКОПСКА Во Автокоманда ќе се гради нова амбуланта

Во Автокоманда ќе се гради нова амбуланта

56

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и министерот за здравство, Азир Алиу, денеска потпишаа договор за соработка, со кој меѓу другото се предвидува изградба на нова амбуланта во Автокоманда, со што старите бараки ќе заминат во историјата.

Според Стефковски градежните  активности на терен се очекува да започнат во првата половина од следната година.

-Со ова значително ќе се подобрат условите за здравствена заштита, граѓаните ќе добијат поквалитетни услуги, а медицинскиот персонал ќе работи во помодерна и побезбедна средина – истакна Стефковски.

 

ИЗДВОЕНИ