сабота, јануари 17, 2026
Дома СВЕТ Во Англија се упасени шест тинејџери за силување на 15-годишно девојче

Во Англија се упасени шест тинејџери за силување на 15-годишно девојче

121

Полицијата во Сасекс соопшти дека четири 16-годишни момчиња и две 15-годишни момчиња, сите од областа Чичестер, биле уапсени под сомнение за силување и ослободени со условна кауција, што значи дека мора да ги следат правилата поставени од полицијата додека трае истрагата.

Полицијата ги повикува сите што биле сведоци на нападот да се јават.

Детективката Џема Малој рече дека „15-годишното ранливо девојче побарало помош од јавноста пред да го пријави случајот во полиција“.

„Ова беше ужасен напад врз ранлива жртва и ние сме свесни за загриженоста што тоа ќе ја предизвика во заедницата. Бараме секој кој има какви било информации да се јави бидејќи сакаме да ги утврдиме точните околности“, рече таа.

ИЗДВОЕНИ