Во американските напади се уништени само еден од трите ирански нуклеарни постројки

67
EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT

Нова американска истрага заклучи дека американските напади во јуни во голема мера уништиле еден од трите нуклеарни објекти на Иран, но дека другите два не биле толку оштетени, објави Ен-би-си Њуз, повикувајќи се на сегашни и поранешни американски функционери.

Во извештајот се тврди дека нападот врз иранскиот нуклеарен објект Фордо бил успешен во забавувањето на напорите за збогатување ураниум за речиси две години.

Другите два објекти не биле толку оштетени и збогатувањето би можело да продолжи во следните неколку месеци доколку Иран така одлучи.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, за Ен-би-си изјави дека, „како што претседателот претходно рече, а експертите потврдија“, операцијата „Полноќен чекан“ „целосно ги уништи нуклеарните капацитети на Иран“.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, за истиот медиум изјави дека Трамп „бил јасен, а американскиот народ разбрал: нуклеарните објекти на Иран во Фордо, Есфахан и Натанц беа целосно уништени“ и дека „нема сомнение за тоа“.

САД минатиот месец започнаа напади врз иранските нуклеарни постројки, тврдејќи дека Иран работи на развој на нуклеарно оружје. Техеран инсистира дека неговиот нуклеарен развој е само за цивилни цели.

ИЗДВОЕНИ