Во Албанија до 17 часот гласале 38,75 отсто од гласачите

21

Изборниот ден во Албанија минува без поголеми проблеми, но со помала излезност споредено со претходните избори.

Според Централната изборна комисија, до 17 часот правото на глас го оствариле 38,75 отсто наспроти 43,56 отсто, колку што одѕивот бил на изборите пред четири години.

Регион со најголем одѕив на гласачите е Пешкопеа со 48,51 отсто. Висок одѕив има и округот Тирана, каде гласале 42,57 отсто од гласачите. Регион со најмало учество и понатаму е Валона, со 28,51 отсто.

Во Изборната единица Корча, каде што за пратенички мандат се бори Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за европска интеграција одѕивот е околу 40 отсто.

Амбасадорот на Европската Унија во Албанија, Силвио Гонзато беше во посета на Драч и Фиер, каде за новинарите објасни дека не врши формално набљудување на изборите, туку е на терен за внимателно да набљудува како напредуваат изборите и соработката меѓу институциите.

Според него, Договорот за институционална соработка функционира добро, а секој инцидент ќе го истражуваат надлежните институции.

ИЗДВОЕНИ