Внимавајте! Во Грција 17-мина заболени од западнoнилска треска

75

Вкупно 17 случаи на вирусот западен нил се потврдени во Грција, од кои десет се регистрирани во текот на изминатата седмица, согласно со податоците на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ соопштија дека 14 случаи покажале симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а три случаи – благи или никакви симптоми поврзани со централниот нервен систем.

Паралелно бил регистриран е и еден „увезен“ случај на инфекција кај пациент изложен на вирусот во друга земја, поконкретно во Србија и не е предмет на понатамошна анализа.

Првите случаи на инфекција оваа сезона во Грција беа регистрирани пред три седмици, кога во период од 48 часа, во областа Атика, поширокиот регион на Атина, истовремено беа дијагностицирани четири случаи.

Вирусот западен нил, кој го пренесуваат комарците, присутен е во Грција во летниот период, од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на западнонилска треска имало во 2018 година, вкупно 317, при што тоа лето бил највисок и бројот на починати лица, вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 220 случаи, а од западнонилска треска починале 35 лица.

 

 

ИЗДВОЕНИ