Песков: Најавите за испорака на ракетите „Томахавк“ на Украина се многу сериозни

112
EPA/Maxim Shemetov / POOL

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека изјавите за можна испорака на ракети „Томахавк“ од страна на САД на Киев се многу сериозни.

„Секако, ги слушнавме овие изјави, тие се многу сериозни“, изјави Песков пред новинарите.

Тој го даде овој коментар за изјавите на американската страна за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина, пренесува РИА Новости.

Песков нагласи дека Кремљ ги слушнал изјавите на потпретседателот на САД Џеј ди. Венс и специјалниот претседателски претставник на САД Кит Келог во врска со можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина.

ИЗДВОЕНИ