ВМРО-ДПМНЕ: Победа во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен, Свети Николе, на прагот е победа во Струмица

56

ВМРО-ДПМНЕ веќе објави дека, според нивниот аналитилки центар, се избрани градоначалници во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен, Свети Николе, а дека на прагот е огромна победа во Струмица.

Според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, во Струмица, партијата на Христијан Мицкоски освои 1.164 гласови, наспроти 659 за СДСМ. Во Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ наводно води со 2.394 гласови, следен од СДСМ со 892, додека Левица има 817. Слична е ситуацијата и во Кисела Вода, каде што резултатот наводно изнесува 1.744 спрема 576 за СДСМ, а Левица има 561 глас.

Во источниот дел од земјата, партијата тврди дека бележи доминација: во Делчево ВМРО-ДПМНЕ има 1.055 гласови, СДСМ 290. Во Радовиш резултатот е 2.637 спрема 932, додека во Пробиштип ВМРО-ДПМНЕ има 421 наспроти 258 за СДСМ.

Во Петровец, според ВМРО-ДПМНЕ, разликата е уште понагласена — 1.402 гласови за ВМРО-ДПМНЕ, а само 212 за СДСМ. Во Илинден, резултатот е 2.202 спрема 249, со 260 гласови за Левица. Во Велес, според неофицијалните податоци, ВМРО-ДПМНЕ има дури 6.266 гласови, а СДСМ 1.306.

Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопштија дека нивните кандидати веќе ја обезбедиле победата во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен и Свети Николе, а на прагот е и голема победа во Струмица — град кој со години важеше за еден од бастионите на СДСМ.

Во дел од општините веќе владее славеничка атмосфера, се пуштаат патриотски песни, а граѓаните се собираат пред партиските штабови.

И во и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје вечерва се собираат членови на партијата.

 

ИЗДВОЕНИ