Македонија, предводена од премиерот, Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, полека но сигурно достоинствено се враќа на меѓународната сцена и гради партнерски односи со силни и влијателни земји.
Македонија ги враќа добрите односи и ја зацврстува билатералната соработка со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Македонската Влада и владата на Обединетото Кралство постигнаа согласност за стратешко партнерство.
Потпишувањето на Заедничката декларација, претставува чест и привилегија за државата, затоа што Македонија е една ретките земји со кои Обединетото Кралство склучило таков договор од највисок степен на меѓусебна соработка.
Стратешките договори меѓу земјите претставува највисок чин на меѓусебна доверба и нивна билатерална соработка.
Па така, овој стратешки договор со Обединетото Кралство ќе ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот.
Меѓу пријателските односи на двете земји, овој договор ќе претставува ново поглавје и ќе биде клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.
Договорот, исто така, ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од пет милијарди фунти, или околу шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството.
Македонија конечно има Влада која работи во интерес на државата и во корист на граѓаните, позиционирајќи се како сериозен и стабилен партнер во евро-атлантската заедница.