ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

12

Секогаш кога СДС се наоѓа во тешка состојба, наместо на решавање на проблемите посегнува кон нивните, и досега испробани, планови и сценарија за предизвикување неред.

Според партијата станува збор за опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв кое СДС кои користи за дефокус и за дестабилизација во Кочани, а кое всушност е сценарио за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори.

На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче велат од ВМРО-ДПМНЕ тврдејќи дека ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи.

Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев.

Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче.

Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче.

Дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се потенцира дека на граѓаните не им се потребни силеџиството, насилството и сеење страв што Филипче и СДС му ги нудат како опција.

 

ИЗДВОЕНИ