Израелскиот портал „Израел Хајом“ носи нови вести за кошаркарот Џонатан Мотли. Овој одличен центар, кој беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалето на Еврокупот, имаше инцидент со полицијата, по што се разгледува неговото заминување од клубот.

  • Во текот на ноќта бевме информирани за инцидент во кој наводно бил вмешан еден од нашите играчи. Колку што знаеме, играчот целосно соработувал со властите и ја кажал својата верзија на настаните. Ве молиме, да се почитува приватноста на сите учесници во инцидентот, кои се нашле во многу чувствителна ситуација. Се надеваме дека брзо ќе биде завршена истрагата. Клубот ќе продолжи да ги следи случувањата – соопшти клубот.

Имено, од стан во Тел Авив се слушнале вресоци, била повикана полиција, а подоцна била скршена вратата бидејќи никој не ја отворил. Три лица биле приведени во станот: Мотли, неговата партнерка и уште една 23-годишна жена.

Сите биле приведени за испрашување. Наводно, двете жени имале конфликт и на крајот сите биле ослободени со рестриктивни мерки.

ИЗДВОЕНИ