Маж кој се обидел да ја помине целната линија на 17-та етапа од велосипедската трка Тур де Франс со велосипед е осуден на осум месеци условна казна затвор. Триесет годишниот „шегаџија“ скокнал преку оградата и се обидел да ја помине целната линија со велосипед само неколку минути пред последниот спринт на 17-та етапа од Тур де Франс со завршница во Валенс.

Тој имал црна кацига на главата и носел дрес на тимот Декатлон-AG2R Ла Мондијал. Еден од полицајците успеал да го запре и да го собори на земја, по што бил приведен. Тој бил осуден на осум месеци условна казна за „влегување во зоната на спортски натпревар, нарушување на натпреварот, одбивање да се почитуваат правилата и насилство врз лице на позиција на јавна власт“, објави судот.

На човекот, кој претходно бил трипати осудуван, му е забранет влез во каков било спортски објект во траење од пет години, а ќе мора да плати и 500 евра отштета на полицаецот кој паднал додека се обидувал да го запре.

ИЗДВОЕНИ