
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека калчо гигантот Милан планира да испрати официјална понуда за српскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ. Истите медиуми додаваат дека понудата за обештетувањето нема да биде помала од 20 мил. евра и дека на искусниот напаѓач ќе му биде понудена годишна плата од околу 7 мил. евра.