Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, му позајмил 100.000 евра на поранешниот соиграч од Јувентус, Никола Фаџоли, за да може да ги отплати своите коцкарски долгови.

Фаџоли (24) си ја уништи кариерата затоа што се обложуваше нелегално. Италија дозволува коцкање, но на професионалните спортисти и на директните учесници на спортските настани воопшто не им е дозволено да се обложуваат, па Фаџоли се најде под истрага на властите. Тој користел нелегални платформи за обложување на резултатите од натпреварите, а најстроги казни им беа изречени нему и на Сандро Тонали, кои беа суспендирани. На сослушувањето, тој изјави дека ги молел своите соиграчи да му помогнат, да му позајмат пари, бидејќи бил во големи долгови. Му помогнал Душан Влаховиќ, кој му дал 100.000 евра, пренесува „Тутоспорт“.

  • Се сеќавам дека дури и Влаховиќ, кој ми е драг пријател, кога играв за Јувентус, ми даде 100.000 евра за да ги покријам долговите – изјави Фаџоли пред обвинителите.

Тие го прашаа во текот на сослушувањето дали должи пари на некој друг.

  • Во времето кога бев повикан на сослушување во Торино, должев меѓу 400.000 и 500.000 евра. Оттогаш никој ме нема контактирано – додаде Фаџоли.

Во својата изјава дадена на 24 април, тој рече дека Влаховиќ депонирал пари на неговата сметка и дека побарал помош од Федерико Гати и од Раду Драгушин. Тој побарал од нив да уплатат на сметката на компанијата „Елизиум“, која стои зад скандалот во кој беа фатени фудбалерите, со ветување дека ќе ги врати со камата. Му се заканиле дека ќе му ги скршат нозете поради долговите, а кога бил повикан на првото рочиште, должел меѓу 400 и 500 илјади евра, а во меѓувреме никој повторно не му побарал пари.

Фаџоли во признанието призна дека се обложувал 12 часа на ден.

  • Се обложував по 12 часа на ден, не го испуштав телефонот од раце. Не ме интересираа семејството, девојката. Бев поинаков човек. Премногу доцна сфатив дека тоа е болест. На почетокот не мислев дека ќе добијам суспензија, но подоцна сфатив – рече италијанскиот репрезентативец.

ИЗДВОЕНИ