Селекторот на Македонија,  Хозеп Мариа Берокал, повторно нема да може да смета на најдобриот македонски кошаркар во моментов, Ненад Димитријевиќ, кој воопшто не е на списокот, а на токму таа тема зборуваше и директорот на репрезентациите, Владо Илиевски.

  • Еден ден пред нашата домашна средба со Луксембург, Ненад има евролигашки настап со Баерн од Минхен, па ќе требаше веднаш да патува за Баку за да игра на втората средба со Азербејџан и да се врати назад и пак да игра Евролига. Тоа ќе беше премногу напорно за него и решивме воопшто да не го повикуваме поради професионализам. Дефинитивно, ние сметаме на него, мислам дека во наредниот период, односно јули, ќе биде лидер и ќе биде дел од нашата репрезентација. Го чекаме со отворени раце, тој го знае тоа, и мислам дека налето ќе биде дел од составот, истакна Илиевски.

ИЗДВОЕНИ