Ученикот Владимир Грчев од 9. одделение во основното училиште „Братство“ во Општина Карпош освои сребрен медал на Јуниорската балканска математичка олимпијада (JBMO), претставувајќи ја Македонија во најдобро светло.
– Владимир не е само ученик со извонредни резултати туку и вистински пример за посветеност, дисциплина и за љубов кон знаењето. Со своите упорност и труд, ги запиша нашата земја и нашето училиште на математичката мапа на Балканот. Неговиот успех е гордост за целото училиште, за Општина Карпош и за државата – соопштија од училиштето „Братство“.
Од ООУ „Братство“ му честитаат на Владимир и му посакуваат уште многу медали, успеси и нови предизвици.