Владимир Путин ја поминал ноќта во болница: „Фала му на Бога, сè е во ред“

52
EPA/VYACHESLAV PROKOFYEV/SPUTNIK/KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до јавноста откако неодамна помина една ноќ во болница, велејќи дека е во одлична здравствена состојба. За време на посета на изложба во Москва, тој потврди дека бил подложен на медицински преглед што вклучувал и ноќевање во болница.

„Фала му на Бога, сè е во ред“, додаде Путин. Тој објасни дека тоа биле два дена тестови – бил примен во болница едно попладне и отпуштен следниот ден. Сепак, оваа епизода е само последната во низата од оние што ги поттикнаа долгогодишните шпекулации за здравјето на рускиот лидер.

Во ноември минатата година, за време на неговиот престој во Астана, Казахстан, необични, отсечни движења на неговите нозе привлекоа внимание. Додека зборуваше на прес-конференција, тој цврсто се држеше за подиумот, додека нозете му се чинеше дека неконтролирано му се грчат.

Коментирајќи ја снимката за Daily Express д-р Боб Беруким, уролог во Њујорк, рече дека ваквите движења би можело да укажуваат на неколку состојби, вклучувајќи Паркинсонова болест и други невролошки нарушувања.

Пред инцидентот со стапалото, Путин беше виден како постојано го трие и гребе лицето и вратот за време на настап во центар за мечување во Уфа. Слично однесување беше пријавено еден ден претходно во Москва. Тој е виден и со екстремно подуени црти на лицето во неколку наврати во последните години, објави Daily Express.

Некои лекари шпекулираат дека причината може да бидат алергии или инфекција на синусите или забите, додека други сугерираат дека прима инјекции со ботокс.

Теоријата дека Путин го лекуваат онколози во голема мера произлегува од извештајот од 2022 година на руската истражувачка агенција Проект. Тие ги проучувале патувањата на рускиот претседател во неговата резиденција во Сочи.

Споредувајќи ги датумите со резервациите на хотели во близина, Проект објави дека онколошки хирург специјализиран за рак на тироидната жлезда ја посетил болницата 35 пати и поминал 166 дена таму. Двајца специјалисти за уво, нос и грло биле таму уште почесто. Кремљ го отфрли извештајот како „фикција и невистина“.

Истата година, се појави и непроверена снимка од наводен руски олигарх кој тајно вели дека Путин е „многу болен од рак на крвта“.

Во февруари 2022 година, тогашниот американски сенатор Марко Рубио, еден од осумте членови на Конгресот со пристап до најчувствителните разузнавачки информации, навести дека нешто не е во ред со претседателот на Русија.

Тврдења за двојник

Неодамна, се проширија и тврдења дека Путин испратил двојник да ја посети првата борбена линија во регионот Курск. Фотографиите од настанот покажаа човек со значително потенко тело и лице. Покрај тоа, тој користел рачно напишани белешки, за разлика од вообичаените на Путин напишани на машина, а фонтот бил помал од вообичаениот на претседателот. Јапонските експерти за вештачка интелигенција дури тврдат дека постојат двајца редовни двојници што ги користи Путин.

ИЗДВОЕНИ