Владиците на МПЦ – ОА се собираат за да извршат избор на нов Дебарско кичевски митрополит

957

Митрополитите на МПЦ ОА од утринава се собираат во Архиепископијата за да извршат избор на нов Дебарско кичевскиот митрополит. Седницата е предвидена да започне во 10 часот. За кандидат е предложен неодамна замонашениот монах Георгиј, односно поранешен декан на Богословскиот факултет и македонски амбасадор во Ватикан Ѓоко Ѓорѓевски.

Се очекува брз избор на новиот владика, односно, не се навестува дека ке биде предлжзен уште некј кандидат.

ВЕЧЕР дознава дека на седницата нема да присуствува Повардарскиот митрополит Агатангел поради болест. Отсутен е и Американско канадскиот митрополит Методиј, кој не допатувал во Македонија.

Во изминативе денови имаше собири на верниците кои бараа за нов митрополит да биде избран епископот антаниски Партениј.

Отсутните владици сепак ќе може да гласаат со тоа што ке овластат некој од колегите да гласа и во нивно име.

Македонските владици со завиден возен парк

ИЗДВОЕНИ