среда, февруари 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Владеењето на правото не смее да биде декларативна заложба, туку реалност во...

Владеењето на правото не смее да биде декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција

66

По повод 31 Март, Денот на македонското правосудство, министерот за правда, Игор Филков, упати честитка во која вели дека судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем, кој ќе обезбеди правда за секого.

– Независноста на судскиот систем е темел на правната држава и гаранција за владеење на правото. Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува. Судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем, кој ќе обезбеди правда за секого. Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат подеднакво за сите. Правда и одговорност мора да има! Интегритетот и стручноста на судиите, јавните обвинители, правобранителите, вршителите на јавни овластувања, адвокатите, медијаторите, нотарите, извршителите, судските службеници и судските советници, судската полиција и сите вработени во судовите се клучни за брза, ефикасна и правична правда. Владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба туку и реалност во секоја судница и институција – се вели во честитката испратена од министерот Филков.

ИЗДВОЕНИ