Тимот на Ферари е единствениот меѓу првите четири кој сè уште не победил оваа сезона, но Шарл Леклер верува дека има причина за оптимизам во Сингапур. На прашањето на новинарите дали се радува на викенд под светлата во Југоисточна Азија, Моначанецот имаше јасен одговор.

  • Ќе бидат потопли услови, тоа е сигурно. Мислам дека нашиот болид многу се мачи на студ, а видовме дека Мерцедес вози многу, многу брзо во такви услови. Мерцедес и Вилијамс се многу брзи при ладни временски услови, додека ние сме посилни на топло. Се надевам дека Сингапур ќе ни дозволи да го оправдаме тоа, истакна Леклер.

ИЗДВОЕНИ