Легендарниот српски кошаркар, Владе Дивац, се огласи откако ја дозна трагичната вест за смртта на Елден Кембел, со кого играа заедно во редовите на Лос Анџелес Лејкерс. Поранешниот центар почина на 57-годишна возраст, а причината за смртта не е позната.

Тој играше за Лејкерс од 1990 до 1999 година, кога се спријатели со Дивац. Сега Србинот се огласи и емотивно се збогува со својот поранешен соиграч.

  • Скршен сум од веста за смртта на Елден. Дојдовме во лигата со една година разлика и ги споделувавме најраните спомени од нашето време поминато заедно во Лос Анџелес. Ти беше од Инглвуд и нè запозна со градот Лос Анџелес, секогаш ќе ги негувам и чувам овие спомени на посебно место во моето срце. Мое сочувство до семејството. Почивај во мир, Биг Изи, напиша Дивац.

ИЗДВОЕНИ