Владата вложи 12 милиони евра за проекти во Гази Баба

25

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан  Стефковски денеска извршија увид на три активни градилишта во оваа општина.

Станува збор за модерен спортски центар со терени за мал фудбал, кошарка, фитнес-зона и детско катче, кој се гради во Идризово, а кој ќе претставува простор за здрав живот и дружење на сите генерации. Во Трубарево, се гради нова детска градинка која е во завршна фаза и која, според Стефковски, се очекува да биде отворена за неколку недели. И во Хиподром, во тек е реконструкција на улицата „Париска Комуна“ – проект кој е поддржан од Владата преку вториот повик за општински инфраструктурни инвестиции.

– Не застануваме тука. Се гради ново училиште во населбата Ченто, потоа спортска сала во Црешево, градинка во Инџиково, а се реконструира и Домот на културата „11 Октомври“, во населбата Ченто  –изјави Стефковски.

Премиерот Мицкоски истакна дека во Гази Баба се вложени 12 милиони евра.

– Вложуваме да градиме, нешто што во минатото беше непознат збор за претходната влада. Така што, овој народ, кој е денеска овде и кој нѐ поддржува е нашата инспирација и мотив да продолжиме по патот на градење и создавање, а не кон патот на измислици, шпекулации – рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ