вторник, јули 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Владата прогласи кризна состојба во Гостивар од 30 дена

Владата прогласи кризна состојба во Гостивар од 30 дена

17

Владата на денешната 195. седница, на предлог на Управувачкиот комитет, во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови – министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, донесе одлука за прогласување кризна состојба во Општина Гостивар во траење од 30 дена.

„Со оглед на тоа што локалната самоуправа не може самостојно да се справи со настанатата состојба во Општина Гостивар, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба, со цел да се овозможи побрза координација меѓу институциите, повторно ставање во функција на водоснабдителниот систем и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок.“

ИЗДВОЕНИ