вторник, февруари 24, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Владата на САД започна со спроведување на царини од 10 отсто

Владата на САД започна со спроведување на царини од 10 отсто

46
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Американската влада денеска почна со примената на општите царински стапки во износ од 10 отсто, што е за пет проценти пониско од она што го најави претседателот Доналд Трамп за време на викендот.

Глобалната царина која ја објави денеска Царинската и граничната служба следеше откако Врховниот суд одлучи дека Трамп немаше право да ги користи вонредните овластувања без согласност на Конгресот.

По таа одлука Трамп рече дека ќе воведе царина од 10 отсто за сите држави, за еден ден подоцна да соопшти дека таа ќе изнесува 15 отсто, што е максимум на кој, во солгаснот со законот, има право, пренесува „Си-ен-ен“.

Официјален претставник на Белата куќа рече дека Трамп потпишал само извршна уредба за воведувањето царини од 10 отсто и додаде дека планот е тие да се зголемат на 15 отсто, а по тој рок би можело да бидат продолжени само ако Конгресот го одлучи тоа.

 

ИЗДВОЕНИ