петок, јануари 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Владата ја отвори вратата за 10 илјади странски работници

Владата ја отвори вратата за 10 илјади странски работници

189

Владата ја зголеми квотата за работни дозволи за странски државјани за годинава на вкупно 10.000 ангажмани.

Според одлуката која стапи на сила од вчера, 9.750 дозволи се наменети за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани.

Дел од квотата, 4.500 е за нови работници, а останатите 5.250 се продолжување на дозволите на веќе вработените странски работници.

Министерството за економија и труд ќе го следи искористувањето на квотата и состојбата на пазарот на трудот.

Лани Агенцијата за вработување издала вкупно 8.509 позитивни мислења за дозволи за работа, а Министерството за внатрешни работи издало 6.128  дозволи за престој на странски работници.

Бизнисмените со години бараат зголемување на квотите за вработување странски работници.

ИЗДВОЕНИ